Избор Празници ТОП ВЕСТИ

Парумба – втор ден Духовден во „гулабицата“ „Св. Троица“ во Горна Белица (Фото)

Струга, 24. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – На вториот ден Духовден, во Парумба – гулабицата во струшкото село Горна Белица се собираат голем број на верници кои прават литија која тргнува во 05:00 часот наутро од центарот на селото.

– И годинава оваа прекрасна традиција беше испочитувана, вели нашиот Жанко ЗШ Голабоски, кој како вистински вљубеник во планината и традицијата и годинава беше дел од настанот.

Црква „Св. Троица“ е позната по името Парумба, по истоименото место што значи Гулабица на влашки јазик. Се наоѓа западно од селото, високо на планината Јабланица, во самото подножје на Црн Врв на 1900 метри надморска висина. Црквата е осветена на 28-ми септември 1998 година од митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј.

Под црквата извира вода, која се смета за света. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука