Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Младите риболовци од охридскиот клуб „Св. Апостол Петар“ апсолутни победници на Државно првенство во спортски риболов

Охрид, 24. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани апсолутни победници и во екипна и во поединечна конкуренција на Државно првенство во спортски риболов за деца У15 (кадети) што викендов се одржа на кејот на Охридското Езеро.

Учесниците се натпреваруваа во дисциплината пливка.

Поединечно, шампион на Македонија за 2024 година е Христијан Булески од клубот „Св. Апостол Петар“ од Охрид, со сребрен медал се закити Блаже Димитров од „Оскар 2“ од Кавадарци, а бронзата му припадна на Петар Динов од „Оскар 1“ од Кавадарци.

Екипно, на второ и трето место завршија риболовците од Кавадарци, од клубовите „Оскар 2“, односно „Оскар 1“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: СК „Св.Апостол Петар“

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука