Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Николоски: Ветувам дека автопатот Кичево-Охрид ќе биде завршен до 2026-та година

Скопје/Охрид, 24. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Не сакам да давам рокови, ние во нашата програма напишавме до крајот на 2026-та година, што мислам дека е реален рок.

– Јас секако ќе направам се’ заедно со мојот тим и заедно со новиот директор на ЈП за државни патишта, бидејќи сметам дека постојниот нема капацитет да го води тоа претпријатие, истакна Александар Николоски, министер за транспорт и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во „Тема на денот“ на Сител телевизија, одговарајќи на прашањето кога ќе се изгради автопатот Кичево-Охрид.

Николоски додаде дека ќе се залага рокот за завршување на автопатот Кичево-Охрид да биде пократок. Тој потсети дека што изградбата на сите магистрални, регионални и експресни патишта и автопатишта е надлежност на ЈП за државни патишта, а министерството е контролор.

– Она што го знам и како мое сознание и што го видов денеска во министерството, бидејќи ова беше првото нешто што го побарав од вработените е дека имаат три проблеми, првиот проблем е со изведувачите, еден несериозен однос. Вториот проблем е имотно правни прашања односно прашањата на експропријација. И третиот проблем е проблем со свлечиштата или т.н. косини, рече Николоски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука