Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Полицијата пронајде марихуана кај две лица на улицата „Богомилска“

Охрид, 27. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 26-ти јуни 2024 година, во 21>50 часот, на улицата „Богомилска“ во Охрид, лишени се од слобода две лица од Охрид, на возраст од 28 и 36 години.

– При претходно извршен преглед, полициските службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука