Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Три лица физички нападнале 82-годишник на улицата „Аџи Мустафа“

Охрид, 27. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 26-ти јуни 2024 година, во 17:30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Аџи Мустафа“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од страна на три лица, врз 82-годишно лице, сите од Охрид.

– Против напаѓачите, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука