ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Екипа на ТППЕ Охрид спаси повреден турист паднат во амбис кај хотел „Десарет“

Охрид, 27. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Екипа на Охридската Територијална противпожарна единица (ТППЕ)  Охрид попладнево со успешна акција спаси повреден турист паднат во амбис кај хотел „Десарет“.

– Пожарникарите-Спасители на висина на задачата. Уште една успешна спасувачка акција на нашите пожарникари-спасители. Интервентната екипа на ТППЕ Охрид изврши извлекување на повреден турист паднат во амбис, во близина на хотелот „Десарет“. Повреденото лице е лоцирано и безбедно е транспортирано на пловен објект за понатамошно лекување, информираат од ТППЕ Охрид.

May be an image of 2 people and people climbing

извор: ОхридПрес фото: ТППЕ Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука