Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Спасено лице од Англија што паднало во Охридското Eзеро

Охрид, 27. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска, четврток, 27-ми јуни 2024 година, во 12:35 часот во СВР Охрид е пријавено дека, од карпа, во водите на Охридското Езеро, во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје, паднало едно лице, кое се здобило со повреди.

– На посоченото место веднаш биле упатени полициски службеници од Полициската станица Охрид, како и од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“. По преземените мерки, лицето е извадено и констатирано е дека се работи за 45-годишниот С.М.А. од Англија. Лекар од Итната медицинска помош, кај него констатирал телесни повреди, по што, со пловен објект на Полициската станица за граничен надзор е транспортиран до Езерската полиција. Оттука, повредениот, со медицинско возило е пренесен до болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор. СВР Охрид фото: ТППЕ

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука