Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Кривична пријава за 41-годишна жена од Долно Лакочереј поради затајување данок

Охрид, 28. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 41-годишна жена од охридското село Долно Лакочереј како и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

– Во својство на управителка на правното лице, во текот на 2023 година, свесно и намерно не ги пријавувала сите остварени приходи, внесувала лажни податоци за приходите на правното лице и уплаќала помала сума парични средства од вистинската. При контрола извршена од УЈП, кај правното лице констатирани се неправилности, односно кусок во износ од 753.190 денари, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука