Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Кинеската банка го одобри вториот дел од кредитот за изградба на автопатот Кичево-Охрид

Скопје/Охрид, 28. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Последниот дел од кредитот од кинеската банка EXIM за изградба на автопатот Кичево-Охрид е одобрен и наскоро ќе бидат префрлени парите.

Вториот дел од кредитот беше договорена во анексот 2018 година и истата е во висина од 211 милиони долари.

Делницата од 57 километри се гради веќе 10 години, со две влади. Минатата која имаше два мандати, не успеа да ја изгради, па сега ќе треба да ја довршува новата. Токму новиот министер за транспорт и врски Александар Николоски ја најави како приоритетна.

Крајниот рок на изградба е на 1. јануари 2026 година. За изградба се земени кинески кредити во износ од 772 милиони долари.

Поранешната власт се правдаше дека автопатот не е готов поради појава на свлечишта и лошо планирање. (Крај)

извор: Република.мк фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука