УХМР: Во Охрид денес сончево и многу топло време со умерена облачност и температура до 31. степени
Охрид, 30. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
UV индексот ќе биде 9, а максималната температура ќе се искачи до 31. степени.
– Во понеделник кон крајот на денот, а особено во вторник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер и град. Потоа во следните два дена ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |