Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Календар на МПЦ-ОА: Преподобен Давид Солунски

Охрид, 9. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Преподобен Давид Солунски.

Родум солунјанин. Прво се подвизуваше во близината на Солун, во една колиба подигната под бадемово дрво. Подоцна го продолжи подвигот во Тесалија. Постејќи, бдеејќи и молејќи се толку се очисти, што се удостои со голема благодат од Бога.

Еднаш зеде жар во раката, стави темјан и го покади царот без ни малку да си ја повреди раката. Кога го виде ова, царот му се поклони до земја. Со своите многубројни чуда ги восхити луѓето.

Се упокои мирно и се пресели во блажената вечност во 540 година.

Тропар

Христе Господи, секаде каде што благодат врз благодат се додава, се надминува човековата природа. Малку се ѕвездите чија светлина ги пробива облаците, малку се бестрасните, о преподобен отче Давиде, се’ што е на дар дарувано по твоите молитви, на дар е принесено до верните, кои преку тебе Бога Го прославуваат. (Крај)

извор: mpc.org.mk фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука