Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Започнуваат Петровденските пости

Охрид, 1. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска започнуваат Петровденските пости што ќе траат до Петровден, кој секогаш се одбележува на 12-ти јули.

Овој пост е востановен според црковното празнување на споменот на светите првоначални Апостоли Петар и Павле кои со воздржание и молитва се подготвувале себеси за проповед на Евангелието низ светот и со својот пример ги учеле учениците во делата на спасителното служење.

Петровденскиот е еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината (Велигденски, Петровденски, Богородични, Божикни), започнува од првата недела по Духовден. Траењето на постот е различно и зависи од периодот на празнување на Пасха. Петровденскиот пост најмногу може да трае шест недели, а најмалку една недела.

За време на овој пост во среда и петок не се јаде масло и вино; во понеделник, вторник и четврток се дозволува масло и вино, а во сабота и недела масло и риба. (Крај)

извор: mpc.org.mk фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука