Здравје Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

ЦЈЗ: Микробиолошките и услугите за здравствено хигиенски прегледи од денес достапни секој работен ден од 06:30 до 15:00 часот

Охрид, 1. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Почнувајќи од денес, 1-ви јули, па сѐ до 31-ви август микробиолошките услуги и услугите за здравствено хигиенски прегледи (санитарни книшки) ќе бидат достапни секој работен ден од 06:30 до 15:00 часот, информираат од охридскиот Центар за јавно здравје (ЦЈЗ).

Покрај тоа, секоја сабота, од 08:00 до 12:00 часот вработените во микробиолошката лабораторија ќе бидат на располагање на своето работно место, за потребите на пациентите за микробиолошки анализи на хуман материјал. Оттаму велат дека целта е да прилагоди достапноста на нивните услуги до потребите на корисниците.

– Потсетуваме дека со цел намалување на ризиците и спречување на штетните ефекти од надворешните топлотни влијанија предизвикани од високите температури врз здравјето на луѓето, во летниот период, за сите ранливи категории на граѓани: стари лица, хронично болни, лица со хендикеп, лица со зголемена телесна тежина, бремени жени, доенчиња, кои имаат потреба од лабораториски микробиолошки услуги, Центар за јавно здравје Охрид става на располагање мобилни тимови подготвени да Ве посетат во Вашиот дом во Охрид за да ги земат соодветните материјали за микробиолошка анализа и ги извршат потребните административни формалности, а по завршување на анализата, да Ви ги достават соодветните наоди/резултати. Доволно е да поседувате уредно издаден упат од вашиот матичен лекар и да се јавите на еден од нашите телефони 078 488-255 или 078 488-262, секој работен ден, најдоцна до 13:00 часот, каде ќе дадете податоци за Вашата адреса и видот на микробиолошката анализа која треба да се изврши, согласно упатот од матичен лекар, информираат од ЦЈЗ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука