Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

МВР: Чекањето на ГП Табановце за влез и излез од државата е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Србија

Скопје, 1. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за внатрешни работи излезе со соопштение дека зголемениот временски период на чекање на ГП „Табановце“, за влез и излез од територијата на Република Македонија е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Република Србија.

– Воедно, Ве известуваме дека граничните полиции на двете држави се во постојана комуникација со цел овозможување брз и непречен проток на патници и возила, но и соодветна контрола поради новонастаната состојба, стои во соопштението од МВР.

Во најновиот извештај на АМСМ стои дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин „Табановце” времето на чекање за влез во државата изнесува околу 30 минути. На граничниот премин „Богородица” времето на чекање за излез од државата изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука