Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Во Охрид денес променливо облачно и посвежо време со услови за локален дожд попладне и температура до 26. степени

Охрид, 3. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно и посвежо време, претпладне со услови за локален краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, особено во западните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

UV индексот ќе биде 7, а максималната температура ќе се искачи до 26. степени.

– Денес и утре ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со локален пороен дожд и ретки грмежи. Од петок времето ќе биде стабилно и топло, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука