Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

До 08:00 часот утрово во Охрид наврнаа 15 литри дожд на м2

Скопје/Охрид, 3. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Дојран, 16 литри на метар квадратен, а најмалку во Пожаране и Гевгелија, еден литар на единица површина.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), до 08:00 часот утрово се измерени 15 литри на метар квадратен во Охрид, 10 во Битола и Крушево, 9 во Лазарополе, 7 во Претор и Маврови Анови, 6 во Ѓуриште, 4 во Кавадарци, Пожар, Прилеп, Демир Капија и Виница, 3 во Штип, како и два во Тополчани, Струмица, Крива Паланка и Велес.

Во Охрид денес променливо облачно и посвежо време, претпладне со услови за локален краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, особено во западните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. UV индексот ќе биде 7, а максималната температура ќе се искачи до 26. степени.

– Денес и утре ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со локален пороен дожд и ретки грмежи. Од петок времето ќе биде стабилно и топло, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука