Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Симптом укажува на проблеми со срцето, се јавува кај повеќето постари лица

Охрид, 3. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Најновата американска студија покажа дека постои поврзаност помеѓу губењето на мирисот и појавата на проблеми со срцето. Според истата, секој трет човек на возраст над 60 години ја губи чувствителноста на мириси.

– Во текот на изминатите две децении, научивме дека губењето на мирисот е еден од најважните рани знаци на деменција, Паркинсонова болест и срцева слабост, вели д-р Honglei Chen.

Научниците од Државниот универзитет во Мичиген набљудувале 2.500 луѓе со нарушување на сетилото за мирис на возраст меѓу 70 и 79 години. Откриле дека 30% од нив имаат проблеми со срцето и крвните садови, пишува Medical News Today.

Се проценува дека 64 милиони луѓе ширум светот имаат срцева слабост – состојба во која срцето не може да пумпа доволно крв низ телото. Срцевата слабост може да биде предизвикана од други болести кои го ослабуваат срцевиот мускул, како што е коронарната срцева болест. Секако тука се и факторите на нездрав начин на живот, како што се пушењето и прекумерното консумирање алкохол.

Резултатите од студијата се објавени во списанието на Американското здружение за срце и треба да бидат поттик за постарите луѓе да посетат лекар и да спроведуваат редовни систематски прегледи. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука