Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Полицијата пронајде марихуана кај 22-годишно лице од Скопје на булеварот „Туристичка“ во Охрид

Охрид, 5. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 22-годишно лице од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

– При преглед извршен на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука