Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајна незгода на „Стража“, повредено 22-годишно лице од Скопје

Охрид, 5. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 4-ти јули 2024 година во 12:00 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на планинскиот превој „Стража“, патничко возило марка „Опел корса“, со скопски регистарски ознаки, што го управувала 38-годишна жена од Охрид, удрило во 22-годишен пешак од Скопје.

– Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Гостивар. Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука