Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Пожар во куќа на улицата „Богомилска“

Охрид, 6. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Пожар избувна денеска во куќа на улицата „Богомилска“ во Охрид.

Според првичните информации, пожарот бил пријавен во охридската Територијална противпожарна единица (ТППЕ) од Охрид околу 15:45 часот, по што интервенираа со две возила и соодветен број пожарникари.

Командирот на охридската Територијална противпожарна единица (ТППЕ) Борко Јанкулоски неодамна за Супер радио и OhridPress испрати апел до граѓаните да се однесуваат совесно и одговорно и да ги почитуваат препораките на надлежните институции. Потсети да не се пали оган на отворен простор, што е строго забрането и казниво по закон. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука