Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Битолчанец уапсен на аеродромот во Скопје по барање од СВР Охрид и Основен суд Охрид

Скопје/Охрид, 6. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 5-ти јули 2024 година, во 08:06 часот, на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници лишија од слобода 56-годишно лице од Битола.

– При извршена пасошка контрола и проверки во оперативната евиденција било констатирано дека за него е издадена мерка „апси“, по барање од СВР Охрид, врз основа на барање од Основен суд Охрид, информираат од МВР.

Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука