Економија Избор ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Се зборува на Facebook: Пуштен во употреба тунелот „Логара“, граѓаните сега ќе можат да стигнуваат побрзо до Дерми, Химаре и Саранда во соседна Албанија

Охрид, 6. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Информацијата дека е пуштен во употреба тунелот „Логара“ со што граѓаните ќе можат да стигнуваат побрзо до Дерми, Химаре и Саранда во соседна Албанија е помеѓу најкоментираните на нашиот Facebook профилот на OhridPress.

Туристите сега полесно ќе можат да стигнат до јужниот брег на земјата. Претходно од Валона до Дерми се патуваше час и 15 минути, а сега времето е скратено за 40 минути. Најдолгиот тунел во Албанија чинеше околу 140 милиони евра. Покрај главниот тунел, изграден е и паралелен тунел кој ќе се користи за итни случаи.

Според најавите, тунелот ќе работи во текот на летната сезона, а во септември повторно ќе биде затворен за да се изведат некои недовршени работи.

Читателите на OhridPress им честитаат на соседите за брзината со која ја средуваат патната инфраструктура во земјата и бараат од одговорните кај нас итно да се средат нашите патни правци, особено автопатот Охрид-Кичево. Потсетуваат на бројните ветувања, стари и повеќе од десет години за завршување на оваа делница за по истата да може нормално да се одвива сообраќајот. Прашуваат кој ќе сноси одговорност и ќе ги врати вишоците на исплатени пари и бараат да се изнајде максимално брзо решение и конечно да заврши изградбата на овој патен правец, на кој годиниве наназад е зголемен за неколку пати бројот на соообраќајни незгоди, од кои дел и со трагични последици. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука