Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Со остар предмет повреден 39-годишен охриѓанец на улицата „Јане Сандански“

Охрид, 7. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 6-ти јули 2024 година, околу 14:00 часот, во СВР Охрид лишено е од слобода 40-годишно лице од Охрид кој претходно, на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, по вербална расправија, со остар предмет повредил 39-годишен охриѓанец.

– Повредениот е пренесен во Општата болница во Охрид каде, е задржан на понатамошно лекување. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука