Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Жена од Скопје се здобила со тешки телесни повреди по пад кај „Заливот на коските“

Охрид, 7. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 6-ти јули 2024 година, во 21:40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека 32-годишна жена од Скопје, при фотографирање до металната ограда на паркингот кај туристичкиот комплекс „Залив на коски“ во близина на охридското село Пештани, паднала и се здобила со тешки телесни повреди.

– Таа, со возило на Итната медицинска помош е пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде, е задржана на понатамошно лекување, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука