Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Малолетничка тешко повредена по пад од мотор на улицата „Абас Емин“

Охрид, 11. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 10-ти јули 2024 година, во 20:30 часот во СВР Охрид било пријавено на улицата „Абас Емин“ во Охрид, малолетничка, додека управувала мопед „Педа“ со охридски регистарски ознаки, изгубила контрола и паднала на коловозот.

– Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука