Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Во Охрид денес сончево и многу топло време со умерена облачност и температура до 35. степени

Охрид, 12. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и многу топло време со услови за мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

UV индексот ќе биде 9, а максималната температура ќе се искачи до 35. степени.

– Ќе продолжи периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C поради што до крајот на следната работна седмица ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. Во недела во попладневните часови во западните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука