Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Пријави за три лица кои создавале механичка бучава при изведување градежни зафати на улицата „Македонски просветители“

Охрид, 13. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 13-ти јули 2024 година, во 02:50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Македонски просветители“ во Охрид, градежни работници поставувале бетонска плоча на стамбен објект во изградба.

– При извршена контрола, полициските службеници, при изведување градежни зафати со работни машини кои создавале механичка бучава, затекнале 40-годишно лице од Ресен и две лица од Охрид на возраст од 21 и 25 години, вработени во градежна фирма од Охрид. По целосно документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука