Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Казни за 8 возачи од Охрид поради непрописно и небезбедно престигнување

Охрид, 13. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 12-ти јули 2024 година, во периодот од 15:00 до 20:00 часот, реализирани се засилени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид.

– Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 19 возачи на моторни возила кои, на непрегледни и места каде е забрането, извршиле непрописно и небезбедно престигнување на други моторни возила, од кои по 8 во Охрид и Струга, 2 во Кичево и 1 во Дебар, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука