Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Со една победа, три нерешени и пет порази, Шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид обезбеди учество во Втората лига идната година

Охрид, 13. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид, во согласност со Годишната програма за работа, во периодот од 6-ти до 13-ти јули учествуваше на натпреварите од Втората машка лига на Република Македонија за 2024 година.

– Во Втората машка лига на Македонија учествуваа 10 екипи, а натпреварите се играа на шест табли по Бергеров систем (секој со секого). Со една победа, три нерешени и пет порази освои 5 бода и вкупно 22 поена, со што го освоивме 7 место настапувајќи само со шахисти од Охрид, со што обезбедивме опстанок во втората лига во која ќе се натпреваруваме и во 2025 година, информираат од клубот.

Боите на ШК „Ласкер“ ги бранеа: Гоце Шапкароски, Даниел Андреески, Константин Лушески, Методија Анѓелкоски, Александар Алексовски, Љупчо Попаѓоски, Ванчо Видиќески, Никола Николовски, Михаил Николовски, Даниел Нунески, Јане Шапкароски и Ерол Су. Капитен на екипата беше Андон Колоски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука