Избор Македонија Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Охриѓанецот Петар Бошалески најефикасен македонски кошаркар на првиот натпревар од Европското младинско првенство во Полска

Охрид, 14. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Петар Бошалески ќе настапи на Европско младинско првенство за спортисти до 20 години, кое вчера започна во Гдиња, Полска.

Нашите млади кошаркари настапуваат во групата Ц со врсниците од Шпанија, Турција и Белгија.

Во првиот натпревар против Шпанија нашата репрезентација загуби со 93-38. Најефикасен во македонската репрезентација беше токму Бошалески кој постигна седум поени, а по шест постигнаа Шошкиќ, Јовановиќ и Луканоски.

Вечерва од 20:30 часот го играме вториот меч на Европското првенство, противник ни е Турција.

Повеќе за овој млад и талентиран спортист од интервјуто за Супер радио и OhridPress. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука