Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Пријави за две лица од Охрид кај кои полицијата пронајде марихуана

Охрид, 15. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

– Пријава е поднесена и против 25-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги“. При преглед извршен во патничко возило „Фолксваген голф“, во кој се превезувале пријавените, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа марихуана, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука