Избор Македонија ТОП ВЕСТИ Хроника

Потсетување ако патувате: На излез од државата можете да носите по 2.000 евра по лице

Скопје, 16. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Инспектори од Службата за мобилни скенери спречија нелегален изнес на девизи на граничен премин „Блаце“ и при контрола на патник открија поголема сума непријавени девизи.

– Лицето кај кое биле пронајдени 9.800 евра е македонски државјанин кој патувал со автомобил со чешки регистарски таблички. Истиот на прашање на царинските инспектори дали има нешто да пријави одговорил дека нема ништо, при што е извршена контрола на возилото каде во неговата ташна се пронајдени парите. Согласно законот за девизно работење на патникот му се вратени 2.000 евра, што македонски државјани можат да ги изнесат од државата без да ги пријават, а останатите се задржани. Против лицето е поднесена пријава за девизен прекршок, информираат од Царинската управа.

Дополнително ги известуваат граѓаните дека при излез од државата можат да носат ефективни странски пари во износ од 2 илјади евра по лице. Доколку се изнесуваат девизи во износ од над 2 илјади евра, граѓаните се должни да ги пријават на царинскиот орган со презентирање на потврда од банка или менувачница. Девизи во вредност од над 10 илјади евра не е дозволено да се изнесуваат. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука