Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: На пресекот на улиците „Марко Нестороски“ и „Питу Гули“ со тврд предмет нападнат 48-годишен охриѓанец

Охрид, 16. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 15-ти јули 2024 година, во 20:00 часот, на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, приведено е 70-годишно лице од Охрид.

– Тој, претходно на пресекот на улиците „Марко Нестороски“ и „Питу Гули“ во Охрид со тврд предмет нападнал 48-годишно лице од Охрид. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука