Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Филип Стефаноски од туристичката агенција DMC Balkans на Forbes 40 under 40

Охрид, 17. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Интервју со охриѓанецот Филип Стефаноски, сопственик на туристичката агенција DMC Balkans објавено на угледниот Forbes 40 under 40.

– Во конкурентната сфера на туристичката индустрија, Филип Стефаноски се издвојува не само по својот успех, туку и по своето патување кое започна не од нула, туку од подолу. Неговата приказна е живописна илустрација за тоа каде можат да не доведат напорната работа, етичките стандарди и длабоко вкоренетата верба во себе. Дневниот режим на Филип ги надминува вообичаените барања на бизнис лидер. Денес, компанијата на Филип е истакнат играч на европскиот и балканскиот туристички пазар, привлекувајќи туристи од 25 различни земји. Неговиот бизнис е препознатлив по неговиот исклучителен оддел MICE (Meetings, Incentives, Conferences, and Exhibitions) кој се грижи за некои од најголемите институции и компании ширум светот, стои во написот на Forbes 40 under 40.

Filip Stefanoski

Комплетното интервју со Стефаноски ОВДЕ. (Крај)

извор: Forbes 40 under 40 фото: Forbes 40 under 40

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука