Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Пожарите во Македонија во моментов на мапата на NASA FIRMS

Скопје/Охрид, 18. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Системот за информации за пожари и управување со ресурсите (Fire Information for Resource Management System – FIRMS) редовно ги објавува најновите податоци за пожарите ширум светот, скоро во реално време (NRT).

Екипата на OhridPress ја објавува најновата мапа на овој систем за пожарите во Република Македонија во моментов.

Информациите се обезбедени преку системите за фотографирање (MODIS) на сателитите Aqua и Terra. На глобално ниво, овие податоци се достапни во рок од 3 часа по сателитското набљудување, но за САД и Канада, активните податоци се достапни во реално време.

NASA FIRMS користи сателитски набљудувања од системите MODIS и VIIRS за откривање активни пожари и термички аномалии ширум светот и ги доставува овие информации до носителите на одлуки. FIRMS првично беше развиен од Универзитетот во Мериленд.

За само 12 дена во Македонија имало 173 поголеми пожари на отворено » Телевизија MNet HD

Состојбата со пожарите во земјава и понатаму алармантна, најкритично е на планината Серта, и пожарите од Росоман кон Градско, кај Чашка и од гевгелиска страна на планината Кожув. За сега нема опасност по ниту едно населено место српскиот хеликоптер веќе полета кон пожарот во Радовиш, кај селото Штурово, кој е веќе ставен под контрола.

Во Чашка, на пожарот кај Горно и Долно Јаболчиште гаснат црногорскиот и хеликоптерот на македонското МВР.

Во Росоман, кај селото Сирково делуваат полицискиот хеликоптер и трите македонски Ер-трактори. Тука е распореден и хрватскиот авион „Канадер“.

Кај Лисец ќе делува романскиот авион „Спартан“ со 5 тонски „водни бомби“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: FIRMS

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука