ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Невремето урна гнездо на штркови во Горно Лакочереј, екипа на ЕВН го врати на старото место, заедно со младенчето (Фото/Видео)

Охрид, 18. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Невремето кое попладнево го погоди регионот на Охрид, проследено со силен ветер и дожд урна гнездо на штркови во селото Горно Лакочереј.

По дојава на жителите, екипа на ЕВН го врати на старото место, заедно со младенчето.

 

Невремето урна гнездо на штркови во Горно Лакочереј, екипи на ЕВН го вратија на старото место, заедно со младенчето

Posted by Охрид Прес on Thursday, July 18, 2024

– Денес околу 16:00 часот, во текот на невремето, ветерот турна гнездо на штркови кое беше поставено на електричен столб по што младенчето падна на земја. По пријава од жителите, екипи на ЕВН веднаш излегоа на терен, го поставија и санираа паднатото гнездо и младенчето беше вратено на место, вели Николче Милески за Супер радио и OhridPress.

Тој испрати благодарност до вработените во ЕВН за овај убав чин. (Крај)

извор: ОхирдПрес фото и видео: Ристе Василески

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука