Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Во Охрид денес сончево и многу топло време со температура до 34. степени

Охрид, 19. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и многу топло време со услови за мала до умерена локална облачност. Во попладневните и вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

UV индексот ќе биде 9, а максималната температура ќе се искачи до 34. степени.

– Денес ќе се задржи многу топло време и ќе биде активно портокалово ниво за опасност од високи температури. Во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. До средината на следната седмица во попладневните и вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Температурата ќе биде во постепено опаѓање, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука