Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Денеска ќе се одржи четвртото издание на Меѓународниот пливачки митинг „Ohrid OPEN“

Охрид, 20. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на охридскиот пливачки клуб „Акваспирит“, денеска, на градскиот базен „Атина Бојаџи“ во Охрид, ќе се одржи четвртото издание на Меѓународниот пливачки митинг „Ohrid OPEN“.

Се очекува да настапат голем дел од најдобрите домашни натпреварувачи, како и бројни гости од соседството.

– По четврти пат во низа нашиот клуб е организатор на Меѓународниот пливачки митинг „Охрид OPEN“, закажан за сабота, 20-ти јули 2024 година, на Градскиот пливачки базен „Атина Бојаџи“ во Охрид. И оваа година голем број пливачи ширум земјава и регионот ќе бидат дел од најголемиот пливачки настан на базен во нашиот град и пошироко. Митингот започнува во 08:00 часот, стартот на трките е во 09:00, додека пливачите вториот дел ќе го започнат во 16:00 часот, информираат организаторите.

Помагатели и спонзори на настанот се: Општина Охрид, Супер радио, Магна Мирорс и ЈП „Билјанини извори“ од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука