Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Полицијата во два случаи пронајде марихуана кај лица од Охрид, Скопје и Житоше

Охрид, 20. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатите 24 часа, полицијата во два случаи пронајде марихуана кај лица од Охрид, Скопје и Житоше, Општина Долнени.

На 20-ти јули 2024 година, во 00:10 часот на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле 19-годишно лице од селото Житоше, Општина Долнени, кај кого била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во друг случај, на 19-ти јули 2024 година, во 15:00 часот на улица „Гоце Делчев“ во Охрид, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид привеле две лица, од кои едно на 42-годишна возраст од Охрид и едно 49-годишно лице од Скопје. При преглед на патничко возило марка „Опел“, во сопственост на лицето од Скопје, во кое биле двајцата, кај охриѓанецот била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука