Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Пожар на отворено на потегот кон „Буково“, интервенираат охридските пожарникари

Охрид, 22. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Попладнево, нешто по 13:00 часот, во охридската територијална противпожарна единица (ТППЕ) е пријавен пожар на тревна површина околу магистралниот пат Охрид-Битола.

Од ТППЕ Охрид ја потврдија веста за Супер радио и OhridPress и информираат дека интервенирале со едно возило за гаснење на пожарот и санирање на состојбата.

Од охридскатата Територијална противпожарна единица апелираат до граѓаните на Охрид и гостите на одговорно однесување во насока на заштита од пожари во овој период на високи температури. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука