Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Календар на МПЦ-ОА: Свети свештеномаченик Атиноген

Охрид, 29. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Свети свештеномаченик Атиноген.

Живееше во еден манастир близу градот со десетмина ученици. Во времето на Диоклецијан во Севастија дојде Филомарх, лут мачител на христијаните. Испофаќа и уби мнозина христијани од градот.

Кога Филомарх ги виде Атиноген и неговите ученици, му рече на старецот да им принесат жртви на идолите за да не загинат како што пострадаа другите христијани. Атиноген му одговори: „О мачителу, тие што ги нарекуваш загинати не се загинати, туку на небото ликуваат со ангелите.“

Се памети трогателна глетка со една срна, којашто порано се хранеше од рацете на Атиноген, кога го виде во неволја, притекна кај него и пролеваше солзи. И горските ѕверови имаа повеќе сострадалност кон Христовите маченици отколку незнабошците.

После тешки мачења, при коишто ангел Господов ги ублажуваше мачениците, сите беа убиени со меч: најпрво свештениците и сотрудниците на Атиноген, а потоа и самиот Атиноген. Во небесната татковина се преселија во 311 година.

Тропар

Нема ученик поголем од својот учител, но радоста учителска е потполна кога ученикот ќе го продолжи делото, Христе Боже наш, Атиноген свет со своите ученици како јагниња на колење беа испратени, а од нивните усти се излија зборови благодарни; прими н?, Боже, и нас по нивните молитви како ученици и исповедници на Љубовта. (Крај)

извор: mpc.org.mk фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука