Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

ЦУК: Изгаснат е пожарот кај депонијата „Мауцкер“

Скопје/Охрид, 29. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Според последниот извештај на Центарот за управување со кризи (ЦУК) за состојбата со пожарите во Република Македонија, изгаснат е пожарот на отворено во Општина Охрид, кај депонијата „Мауцкер“.

На оваа локација веќе неколку дена гореше ѓубриште. Од ТППЕ Охрид денониве интервенираа со соодветен број возила и пожарникари.

Пожар на оваа локација беше пријавен и неодамна, на 16-ти јули, при што исто така интервенираше екипа на  Територијалната противпожарна единица од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука