Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Полицијата пронајде марихуана кај 29-годишна девојка од Охрид

Охрид, 29. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 28-годишна девојка од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

– При контрола на патничко возило марка „Рено клио“, со кое се превезувала, извршена на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници кај неа пронајдоа и одзедоа марихуана, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука