Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка кај „Пресека“, повредени две лица од Виница

Кичево/Охрид, 29. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 28-ми јули 2024 година, во 12:00 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на превојот „Пресека“, се случила сообраќајна несреќа во која се повредени две лица.

– Незгодата се случила помеѓу мотоцикл марка „Бмв“ со швајцарски национални ознаки, управуван од страна на 44-годишно лице од Виница, со живеалиште во Швајцарија и мотоцикл „Ктм“ со винички регистарски ознаки, управуван од 29-годишно лице од Виница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот „Бмв“, а со телесни повреди се здобил возачот на вториот мотоцикл, констатирани во Медицинскиот центар во Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука