Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

In Memoriam: Почина Мирјана Мијалкова, своевремено новинар и уредник во Радио Охрид

Охрид, 29. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во 76-та година од животот, по кусо боледување, денеска почина Мирјана Мијалкова, поранешен новинар и одговорен уредник во Центарот за печат и радио Охрид.

Мијалкова завршила славистика на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил Методиј“ во Скопје. Од 1986 до 2003 работеше како новинар, а потоа до 2006 година беше одговорен уредник во Радио Охрид.

Посмртните останки на Мирјана Мијалкова ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Охрид, утре од 12:00 до 12:30 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука