Забава Избор

Towa Bird го претстави својот деби албум „American Hero“

Охрид, 31. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Талентираната филипинско-британска музичарка во подем, Towa Bird го претстави својот деби албум „American Hero“ чии романтични приказни и возбудливи гитарски рифови внесуваат носталгија како на почетокот на новиот милениум.

Преку 13 песни, уметничката илустрира деликатни емоции од нејзините животни искуства, а она што го прави овој албум автентичен е неговиот микс на поп и алт-рок музика.

– Ова се песни во кои јас сум целосно искрена за мојата течна сексуалност и природата на тој вид на љубов. Во сето ова има многу ранливост, страдање и борба со тешки емоции, изјави Towa Bird.

Влегувајќи во светот на музиката на само 14 години, таа настапуваше со својот бенд од најмлада возраст, а потоа ја стави својата музичка кариера во мирување заради образованието.

Меѓутоа, музиката ја повикала не многу подоцна, а во изминатиот период потврда за нејзината работа дојде и од познати имиња како Willow Smith и Tyler, The Creator, а угледниот Rolling Stone ја нарече „идната поп-сензација“.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука