ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Од ТППЕ Охрид објавија видео од состојбата денес по пожарот на Илинска Планина (Фото/Видео)

Охрид, 31. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од Охридската Територијална противпожарна единица (ТППЕ) објавија видео од моменталната состојба по пожарот кој неодамна изби на Илинска Планина.

На видеото јасно се гледа дека се’ уште тлее на делови на планината и мора да се надлегува постојано за да не се повтори пожарот кој направи огромна штета на овој дел.

 

Илинска планина
# ПожарнаОхрид

Posted by ТППЕ Охрид – Пожарна on Wednesday, July 31, 2024

Во гасењето на овој пожар, кој гореше на потегот помеѓу селата Слоештица и Брежани тогаш се вклучија и два авиони „Ер трактори“, кои постојано полнеа вода од Охридското Езеро.

Според последната официјална информација од Центарот за управување со кризи (ЦУК) од вчера, пожарот на Илинска планина е под контрола.

– На терен се 22 лица од ЈП „Национални шуми“, како и 10 лица од месното население, информираат од ЦУК. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ТППЕ Охрид Пожарна

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука