Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Ова овошје го намалува ризикот од срцеви заболувања

Охрид, 4. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На конференцијата Nutrition 2024, одржана во САД, експерти од Технолошкиот институт на Универзитетот во Илиноис ги презентираа резултатите од нивната неодамнешна студија.

Дел од студијата биле 62 лица на возраст помеѓу 20 и 60 години кои учествувале во експеримент кој имал за цел да покаже како одредено овошје влијае на ризикот од болести.

Испитаниците биле поделени во две групи, од кои едната добивала грст јагоди како десерт секој ден, а другата не. Учесниците кои консумирале јагоди покажале подобрена функција на ендотелот – клетките што ја обложуваат внатрешноста на срцето. Ендотелот е одговорен за крвниот притисок и способноста на срцето да се собира.

– Состојбата на нивната крв и лимфни садови стана значително подобра. Тоа беше потврдено со низа тестови, наведуваат научниците.

Јагодите содржат влакна, антиоксиданси, фолна киселина и витамин Ц, а освен што го поттикнуваат здравјето на срцето, го зајакнуваат и имунитетот и спречуваат запек. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука