Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен: Два случаи на семејно насилство во Охрид

Охрид, 30. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Полицискиот Билтен носи информации за два случаи на семејно насилство случени во Охрид изминатите 24 часа.

На 29-ти јули 2024 година, во 18:25 часот, на улицата „Бистрица“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 22-годишно лице од Охрид, кое претходно во семејниот дом физички нападнало член на семејството, а потоа агресивно се однесувало кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во друг случај, на 29-ти јули 2024 година, во 21:20 часот на улицата „Вангел Николоски“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода две лица од Охрид на возраст од 72 и 43 години, кои претходно физички нападнале член на семејството. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука