ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Пожарите во Македонија во моментов на мапата на NASA FIRMS, еден и во околината на Охрид

Скопје/Охрид, 30. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Системот за информации за пожари и управување со ресурсите (Fire Information for Resource Management System – FIRMS) редовно ги објавува најновите податоци за пожарите ширум светот, скоро во реално време (NRT).

Екипата на OhridPress ја објавува најновата мапа на овој систем за пожарите во Република Македонија во моментов. Еден од нив, според истиот извор е во пошироката околина на Охрид.

Информациите се обезбедени преку системите за фотографирање (MODIS) на сателитите Aqua и Terra. На глобално ниво, овие податоци се достапни во рок од 3 часа по сателитското набљудување, но за САД и Канада, активните податоци се достапни во реално време.

NASA FIRMS користи сателитски набљудувања од системите MODIS и VIIRS за откривање активни пожари и термички аномалии ширум светот и ги доставува овие информации до носителите на одлуки. FIRMS првично беше развиен од Универзитетот во Мериленд.

За само 12 дена во Македонија имало 173 поголеми пожари на отворено » Телевизија MNet HD

Според последните информации од Центарот за управување со кризи (ЦУК), територијата на фронтот на пожарот во Светиниколско е многу широк, но во овој момент населени места не се во опасност. Пожарот над Прилеп е ставен под контрола.

– Во Свети Николе на терен се пожарникарите, а во приправност има доволен број на припадници на Армијата кои се вклучуваат по барање на локалните командири. Од воздух ќе делува еден армиски хеликоптер Ми 17 и три ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување. Пожарот над Прилеп во голем дел е ставен под контрола, доцна во ноќта спасен бил манастирот. Позади сртот на Маркови кули пожарот е поделен во два крака и во моментов се интервенира да се стават и овие жаришта под контрола и да се изгаснат, има доволен број на луѓе на терен, а воздушна подршка засега не е потребна. Вчера на територијата на цела држава регистрирани беа 42 пожари на отворено и шумски пожари, од кои 17 се активни, 4 се под контрола, а 21 е изгаснат, информираат од ЦУК. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: FIRMS

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука